Папата Бенедикт за време на мисата по повод големиот христијански празник Велиден, повика на прекин на насилството во Сирија и определба за дијалог.
Во годишната велигденска порака папата пред 100-те илјади верници насобрани на плоштадот Свети Петар истакна дека конкретно во Сирија, потребна е итна определба што би водела кон почит, дијалог и помирување. Поглаварот на Римокатоличката црква воедно ги осуди и терористичките напади во Нигерија и повика на мир во Мали.
По мисата, папата традиционално се помоли на 65 различни јазици.