Линкови за пристапност

Tрубите на „Џамбо Агушеви оркестар“ од Центарот Кенеди во Вашингтон


Tрубите на „Џамбо Агушеви оркестар“ во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Tрубите на „Џамбо Агушеви оркестар“ во Вашингтон

Традиционалниот ромски мелос со етно и модерна верзија ечеше на сцената Милениум

„Џамбо Агушеви оркестар“ беа прв пат во главниот град на САД. И подарија незаборавна ноќ...

Не постои човек во Северна Македонија, во САД, а веќе ниту во светот, кој не слушнал за оркестарот Агушеви. Нивната магична музика датира од 90 – тите кога биле поставени корените на првичниот состав.

Денес, младиот и талентиран Џамбо Агушев го презеде кормилото со кое патува низ светот.

„Имаме направено микс со модерни песни, со џез и со фанк мелос“, вели харизматичниот Ангушев.

Бројната публика не издржа под силата на магнетот од едночасовниот мелос...

„Почнаа да не` препознаваат, по мелодијата што ја свириме. Знаат кои сме, од каде доаѓаме“, вели Џамбо.

Точно. Не се повеќе непознат оркестар и во САД. Публиката знае од каде доаѓаат, што свират. По турнејата низ повеќе градови во САД , настапуваат на престижен музички фестивал во Колумбија. Потоа, следи турнеја во Франција, Германија...

Прогласени за еден од најдобрите оркестри на Балканот. А признати – секаде!

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG