Македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев живее и работи во САД веќе 20 години. Вели, не е носталгичен, но ужива при компонирање во фузија на народно, модерно и техно. Музичарот и композитор Дуке Бојаџиев го најдовме во работна атмосфера. Констатира, не може без музиката. Му дава живот, и смисол за понатаму.
Моментално работи на модерна њујоршка фузија на звуци. 20 години е во САД, од кои 17 во Њујорк.
Свирел и на Античкиот театар во Охрид и во Карнеги хол во Њујорк.
Го прашавме - каде е поголем стресот? „Предизвикот е еднаков. Јас секогаш се трудам исто, да дадам максимум, и да ја пренесам мојата порака“, вели Дуке.
Најголема возбуда има кога ја креира музиката. Во студиото во Њујорк, опкружен со своите инструменти, додава.
Во Њујорк се чувствува како дома. Ужива кога е во Македонија, но кога е тука, не мисли на Скопје.
Слуша се. Сака и` рап-музика, но со порака, вели познатиот македонски музичар и
„Во последниот албум, сега што го издавам, дури има и комбинација од фламенго пеење“, вели Бојаџиев.
Успешен Македонец на конкурентен музички пазар, како њујоршкиот. Која е формулата?
„Нема формула за успех. Успех е да си среќен во животот, да најдеш мир и среќа во себе. Јас го правам тоа што го сакам!“ - открива Бојаџиев.
Дуке Б. е свој на своето, кога - музицира. Не му се битни ниту Оскарите, ниту позитивните критики, ниту пофалфи, туку важно му е неговата музика да допре до пошироката публика.
Facebook Forum