Овации, воздишки и громогласен аплауз – вакви се реакциите кога на сцената во Институтот за мир во Вашингтон здружено музицираа - виртуозите Дуке Бојаџиев на пијано и Исмаил Лумановски на кларинет.
Дуке во Њујорк, живее и работи над 15-тина години. Вели, односот е како љубовна врска, треба да го прифатиш, но и тој да те прифати за да останеш, зашто како што вели, многумина кои дошле не го издржале пулсот и темпото на градот кој никогаш не спие.
Насловени, „Сон, Верба, Љубов“, Дуке направи ретроспектива на сите неодамнешни 13 концерти, за музичкиот опус што го престави во Карнеги хол, Рим, Вашингтон, Скопје, Белград...
„Македонецот го чувствува македонското влијание во таа музика, но странското уво чувствува меѓународен квалитет и го прима со исто задоволство и возбуда. Ме радува што има една мултикултурна боја, нашиот, македонскиот мелос“, коментира Бојаџиев.
Сака да оплемени што повеќе луѓе. Со музиката...
Не се чувствува странец, иако повеќе од две децении е надвор од татковината.
„Никогаш не ми недостига Македонија, зашто јас ја носам во себе Македонија. Физички за мене е битно дали сум во Скопје, Белград, Њујорк, Токио. Пријатно се чувствувам тука и таму“, открива Дуке.
Тишината му е најубава музика, по 12 часа во студио открива - Дјук Би. Вели, - Исмаил, му е голема инспирација, долгогодишен соработник на бината.
За 2017-ма, продолжува со истата динамика. Најави концерти, но и нова филмска музика.