Линкови за пристапност

Реалност или евтина политичка игра на ДУИ - Кампања: „Време е за премиер Албанец“


Реакции за кампањата на ДУИ - прв премиер-Албанец во Северна Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Реакции за кампањата на ДУИ - прв премиер-Албанец во Северна Македонија?

СДСМ порача дека премиер ќе биде оној кој ќе добие поддршка, а не според етничката припадност. Слична е и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ – дека народот е оној кој решава кој ќе биде премиер.

ДУИ продолжува да игра на својата предизборна карта – „време е за премиер Албанец“, иако засега оваа идеја промовирана од Али Ахмети нема поддршка од другите албански или македонски партии. ДУИ го проширува политичкиот наратив – дека станува збор за наднационална кауза и дека иницијативата за Албанец премиер или премиерка не е политичка идеологија. Затоа од партијата на Ахмети најавуваат инклузивен процес во изборот на кандидат.

Ние посакуваме сериозно да го вклучиме цивилното општество и нашата академска заедница во изборот на еден консенсуален кандидат
ДУИ


„Ние посакуваме сериозно да го вклучиме цивилното општество и нашата академска заедница во изборот на еден консенсуален кандидат. Поради ова причина, ДУИ и лидерот Али Ахмети контактираше со Албанските институции, универзитетите, НВО-та, претставниците од економијата и другите претставници на цивилното општество, за да се советува во врска со можните кандидати и нивните барања за профилот на тие кандидати.“, коментира Феснике Бектеши, ДУИ.

Ставот на Алијансата за Албанците е дека „ДУИ нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните, а камоли за легитимно претставување на волјата на народот“. СДСМ порача дека премиер ќе биде оној кој ќе добие поддршка, а не според етничката припадност. Слична е и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ – дека народот е оној кој решава кој ќе биде премиер.

Главните партии, во услови на зголемување на бројките на заболени од Ковид-19, најавуваат видозименета кампања.

До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери
СДСМ


„Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули. Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери“, вели Коста Петров, СДСМ.

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели врз принципот дека здравјето на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ


„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели врз принципот дека здравјето на граѓаните е пред се и ние како политичка одговорна партија ќе направиме се што можеме, нормално по насоки на оние коишто најдобро ја познаваат таа материја за да го заштитиме нивниот живот.“, вели Бојан Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ.

Иако, официјално кампањата стартува на 24 јуни, веќе се во полн ек партиските активности за претстојните избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG