Линкови за пристапност

Доналд Туск до земјите на ЕУ: Северна Македонија го заврши својот дел од работата, сега вие сте на ред


Доналд Туск до членките на ЕУ: Северна Македонија го заврши својот дел од работата, на ред сте вие
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Претседателот на Советот на ЕУ денешната посета на Скопје изјави дека земјата заслужува позитивна одлука и дека не треба да има ново одлагање

Северна Македонија го заврши својот дел од работата, сега вие треба да го завршите вашиот – беше пораката на Доналд Туск до лидерите на земјите-членки на Европската унија.

Претседателот на Советот на ЕУ денешната посета на Скопје, која се случува на неполн месец пред разгледувањето на прашањето за отворање преговори за членство, изјави дека земјата заслужува позитивна одлука и дека не треба да има ново одлагање.


„Лидерите на ЕУ, пред три месеци, на средбата во јуни се обврзаа да донесат јасна и суштинска одлука во октомври дали да почнат преговори со вас и Албанија. Во јуни јасно кажав дека земјата во изминатите две години направи сè што се очекуваше од неа за да може да почне пристапни преговори. Вашата земја направи сè што се очекуваше од вас. Сакам да биде кристално јасно дека во Брисел не постои сомнеж во однос на вашата политичка обврска кон владеење на правото и борбата против корупцијата“, рече Туск.

Сакам да биде кристално јасно дека во Брисел не постои сомнеж во однос на вашата политичка обврска кон владеење на правото и борбата против корупцијата
Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ


Пристапувањето кон Унијата, Туск го спореди со маратон за што, како што рече, треба издржливост, фокус и трпение.

По 10 позитивни препораки Македонија во октомври очекува конечна одлука. Премиерот Зоран Заев уверува дека ќе нема компромис за реформите во клучните области – владеењето на правото, борбата против корупција. Тој во своето обраќање го спомена и случајот „Рекет“.

„Oбврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото. Во решавањето на предизвиците со кои се соочуваме целосно сме ангажирани во согласност со европските вредности и стандарди. Во тие рамки ја гледаме и дебатата за Законот за јавно обвинителство. Случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите. Институционалното разрешување на овој и на сите клучни случаеви ќе ја докажат независноста на судството и јасната политичка волја за борба против корупцијата“, рече Заев.


На 15 октомври Советот за општи работи на Унијата треба да дебатира за Македонија – ако има одлука таа треба формално да се потврди на ниво на шефови на држави и влади.

Очекувањата се дека во тој случај, првата меѓувладина што го означува стартот на преговори, би се одржала на крајот на оваа, или во првото полугодие од идната година – што е поверојатна опција.

XS
SM
MD
LG