Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп предлага низа економски мерки да им помогне на црните Американци, кои според анкетите, повеќе ја поддржуваат демократката Хилари Клинтон.
За време на неговиот говор во Шарлот, Северна Каролина, Трамп ги потенцираше плановите за олеснување на Афроамериканците да земат кредит, како и дека ќе дозволи повторно да се изградат области уништени од природни катастрофи.
Трамп зборуваше пред бела публика, велејќи дека „премногу Афроамериканци се запоставени“.
Трамп вчера беше и во Вашингтон, на свечената церемонија за отворање на неговиот нов хотел, близу Белата куќа за што повеќе ќе зборуваме подоцна во емисијата
Инаку, најнови податоци покажуваат дека кампањата на Клинтон го надминала Трамп во трошење, со повеќе од два спрема еден.