Трамп наведе дека анкетите покажуваат „голема омраза кон Американците од голем сегмент од муслиманската популација“.
„Се` додека не го утврдиме и разбереме проблемот и опасните закани, нашата држава не може да биде жртва на ужасни напади од луѓе кои веруваат само во џихад и не го почитуваат човечкиот живот“ рече Трамп во понеделникот.
Белата куќа го осуди предлогот на Трамп и оцени дека тоа е спротивно на „нашите вредности како Американци“.