За карактерот на Ким Јонг ун и личното искуство да разговара очи в очи со лидерот на Северна Кореја, претседателот Трамп вели: „Интересен, паметен, добар преговарач. Мислам дека ќе постигнеме добар договор. Ќе ја денуклеаризираме Северна Кореја“.
Претседателот Трамп во интервјуто со Грета ван Сустерн рече дека 90 отсто од времето со него разговарал за процесот на денуклеаризација, но многу други теми биле отворени, како состојбата со почитувањето на човековите права. Трамп рече дека не му поставил ултиматум на Ким Јонг Ун, и оти повеќе од три месеци на разни нивоа има контакти, вклучувајќи и интензивни состаноци со виши севернкорејски функционери, што ги предводел државниот секретар Мајк Помпео.
Првиот човек на САД во ексклузивното интервју за Гласот на Америка потврди дека не станало збор за повлекување на американски војници од Јужна Кореја.
Трамп рече дека денеска САД потпишале договор со Северна Кореја, кој, според него, е многу посодржаен отколку што претходно се мислеше. Тој потенцираше дека американските санкции врз Пјонгјанг и натаму остануваат во сила, се` додека нема конкретен напредок за почеток кон целосно откажување од нуклеарното оружје.
Со оглед дека интервјуто за Гласот на Америка ќе добие одглас и во Северна Кореја, запрашан што би им порачал на Севернокорејците, претседателот Трамп рече: „Имам добра енергија со лидерот Ким Јонг Ун. Мислам дека во Северна Кореја ќе се случуваат добри работи“.
Facebook Forum