Линкови за пристапност

Главниот архитект на војната во Ирак Доналд Рамсфелд почина на 88 години


Рамсфелд играше водечка улога во креирањето на случајот пред светот за инвазија врз Ирак, во 2003-та. Тој предупреди од опасностите од ирачкото оружје за масовно уништување, но таков оружје никогаш не беше пронајдено.

Доналд Рамсфелд, влијателен секретар за одбрана, кој беше главен архитект на војната во Ирак, додека претседателот Буш не го смени од функцијата по 3 и пол години од почетокот на војната, почина на 88 годишна возраст, објави неговото семејство, пренесува Ројтерс.

Агенцијата објави дека во соопштението не се кажува кога починал Рамсфелд, кој донесе харизма во Пентагон и беше лицето на администрацијата на Буш во пристапот со мускули во рамки на светските горливи прашања.


Со Рамсфелд на чело, американските сили брзо го урнаа режимот на Садам Хусеин, но не успеаја да го задржат редот и поредокот во оваа земја, која западна во хаос и крваво востание и насилство меѓу Сунитите и Шиитите. Американските војници остана во Ирак до 2011-та, долго време откако, тој замина од функцијата.

Рамсфелд играше водечка улога во креирањето на случајот пред светот за инвазија врз Ирак, во 2003-та. Тој предупреди од опасностите од ирачкото оружје за масовно уништување, но таков оружје никогаш не беше пронајдено.


Рамсфелд беше познат дека немаше добри односи со многу армиски виши лица и членови од Кабинетот на претседателот Буш, вклучувајќи го и државниот секретар Колин Пауел.

Ќе остане запаметен по познатата реплика кога еден репортер го запраша дали пронашле оружје за масовно уништување во Ирак, а со остроумност Рамсфелд му возврати: „Има работи кои што ги знаеме, и знаеме за нив, но има работи кои што не ги знаеме, и не знаеме за нив“.

Рамсфелд подоцна го наслови својот Мемоар - „Познато и непознато“.


Откако заврши со служењето во владиниот сектор повеќе од 4 децении, подоцна Рамсфлед стана богат бизнисмен и беше извршен директор во две компании на листата на „Форчн 500“. Во 1988-ма, кус период беше кандидат за републиканската претседателска номинација.

Рамсфелд беше воен пилот, поранешен амбасадор на САД во НАТО и конгресмен од Илиноис. Со сопругата Џојс имаше три деца, и десетина внуци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG