Линкови за пристапност

Етничка разновидност на работното место


Етничка разновидност на работното место
Етничка разновидност на работното место

Може да води кон позитивни резултати, иновативност...

Како и многу канцеларии ширум САД, во седиштето на Одделот за даноци во Вашингтон работат луѓе од различно потекло.

Ричард Реган таму се вработил пред една година. Припадник на племето Лумби-Чероу, вели дека честопати е изненаден колку малку знаат луѓето за Индијанците. Ова е само една од многуте етнички групи застапени во агенцијата.

„Овде има и белци, афро-американци, латино-американци, азијати, Индијанци од Алјаска, од острови на Пацификот. Имаме дури и графа каде поединецот може да назначи две или повеќе групи на припадност“, вели Реган.

За Елејн Хо, исто така вработена во агенцијата, разновидноста е поважна од етничката и расна припадност.

„Во агенцијата речиси 66% од вработените се жени. Преку 40% се со различна расна припадност, а 10% се лица со посебни потреби. Постои голема разновидност“, вели Хо.

Федералните закони налагаат забрана на дискриминација базирана на расна, етничка, верска, полова припадност, но истовремено промовираат и разновидност.

Елејн Хо од искуство говори дека луѓето од различно потекло носат различна перспектива на нивните работни места, што пак може да ја зголеми иновативноста и креативноста.

Сепак, таа разновидност доаѓа со предизвици, како што е недоразбирањето и предрасудите. Моника Дејви од Одделот за разновидност и вклучување, коментира дека Агенцијата за даноци посветува посебно внимание на ова.

„Се обидуваме да организираме презентации или говори или обуки, за да им дозволиме на луѓето да ги согледаат бенефициите од тоа да се биде различен. Постојат дури и студии што покажуваат дека различни луѓе може на крајот да креираат и подобар производ“, вели Дејви.

XS
SM
MD
LG