Грција го поддржува интегритетот и суверенитетот на Македонија, сака стабилен сосед-членка на ЕУ и НАТО, но членството ќе дојде само ако се реши прашањето за името. Оваа порака денеска беше пратена од Атина по средбата меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји. Со тоа Никос Коѕиас го повтори ставот на неговите претходници, што уште од Самитот во Букурешт, стана официјална грчка надворешна политика. Тој кажа дека се задоволни што другата страна презела обврски за подобрување на односите: „Овие чекори не ги замеуваат преговорите за името, но секако дека го олеснуваат процесот“, изјави Коѕиас.
„Знаеме дека нашиот сосед сака да биде членка на разни организации, но прво да се реши името, тоа мора да се затвори за да дојдеме до взаемно прифатлив компромис“, изјави шефот на грчката дипломатија.
Македонскиот министер уверуваше дека Македонија преку конкретни чекори ќе го заврши својот дел и дека новата влада сака да гледа кон иднината. „Немаме скриени агенди, сакаме да ви бидеме пријатели“, рече Димитров.
„Ќе продолжам да давам аргументи дека е во интерес на нашиот сосед, ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО и ќе почне преговори за ЕУ“, оцени македонскиот шеф на дипломатијата.
Двајцата министри зборува за мерките за градење доверба, за нивно унапредување и проширување, за зајакнување на регионалната соработка и економијата. Димитров побара поддршка и од грчката јавност и поттик за, како што рече, Македонија исправено да оди по патот на евроинтеграциите.
Facebook Forum