Линкови за пристапност

Вашингтон го враќа фокусот на Балканот


Вашингтон го враќа фокусот на Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Вашингтон го враќа фокусот на Балканот

„Не може Грција да победи ако Македонија загуби, и обратно“, рече шефот на дипломатијата Димитров и најави почеток на заживување на преговорите.

Во Атлантскиот совет во Вашингтон се одржа голем собир на виши државници од Балканот, што е потврда на напорите за враќање на фокусот на Вашингтон за предизвиците кои се соочува регионот. Еден од дискутантите беше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Акцентот на конференција во Вашингтон за предизвиците на Балканот кон целосно интегрирање кон ЕУ и НАТО беше како да се одржат здрави и суверени држави; што треба да се стори за справување со растечкото руско влијание, но и зошто треба да се интензивира борбата против корупцијата која ги поткопува институциите.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров се осврна дека Европа не може да биде целосно обединета без целосно вклучување на регионот. Потсети дека поради долгиот пат и позицијата во која се наоѓа со нерешениот проблем со името, земјата го загуби компасот последните две години и затоа и` е потребен поттик за силно интегрирање.

„Не може Грција да победи ако Македонија загуби и обратно“, рече Димитров и најави почеток на заживување на преговорите наскоро во Брисел.

Вишиот претставник од Стејт департментот, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Ји оцени дека две-годишната криза во Македонија е отрезнувачки повик за меѓународната заедница, и потенцираше земјата има напредок и истакна дека ролјата на САД во регионот не е од алтруистички причини, туку е важно Балканот да биде успешна приказна во рамки на ЕУ.

​Доцна синоќа, министерот за надворешни работи Димитров имаше куса средба со државниот секретар Тилерсон во Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG