Линкови за пристапност

Александар Даштевски - нов претседател на ДИК


Александар Даштевски - нов претседател на ДИК
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Дитмире Шеху, Борис Кондарко и Радица Ристевска беа и во претходниот состав на ДИК.

Едногласно, со 95 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, Собранието денеска го избра новиот состав на Државната изборна комисија, институција задолжена за спроведување на избори, првите, локални, веќе годинава.

„Констатирам дека за претседател на ДИК е избран Александар Даштевски, за потпретсдеателка Дитмире Шеху, за членови се избрани Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска, Бојан Стојановски и Кренар Лога.“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија.

Дитмире Шеху, Борис Кондарко и Радица Ристевска беа и во претходниот состав на ДИК. Нови членови се екс-министерот за правда Оливер Ристовски, правниците Бојан Стојаноски и Кренар Лога, како и новоизбраниот претседател Александар Даштевски. Токму неговото кандидирање и избор наиде на најмногу реакции во јавноста. Даштевски не е нов во Државната изборна комисија, беше член и пред 15 години. По кусиот раздел со ВМРО-ДПМНЕ повторно се доближи до тоагш владејачката партија која го истурка неговиот избор за прв човек на Комисијата за спречување на дискриминација во 2016. Од таа позиција Даштевски писмено потврди дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е жртва на политички прогон – аргумент кој Унгарија го искористи за да му одобри азил на бегалецот.

По претходен политички договор, денешниот изборот на Даштевски помина „мазно“. Тој и Стојаноски ја имаа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, Шеху на ДУИ, Лога на Алијанса за Албанците, а Ристовски, Кондарко и Ристевска на СДСМ. Тие ќе ја преземат должноста по 15 јануари кога истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG