Линкови за пристапност

ДИК: Гласањето ќе оди побрзо в недела, и без проблеми


ДИК за гласањето во недела
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

ДИК за гласањето во недела

Додека изборните органи се подготвуваат за гласањето, партиите чии кандидати за градоначалници влегоа во вториот круг ја заоструваат реториката во трката по гласови.

Државната изборна комисија уверува дека ваквите сцени - чекање во долги редици пред избирачките места поради проблеми со читачите на отпечаток нема да се повторат во вториот круг од локалните избори. В недела, како што уверуваат од ДИК, гласањето ќе оди побрзо и без проблеми. Анагажирани се околу 400 технички лица кои ќе бидат присутни на избирачките места, а извршена е ѝ дополнителна обука.

„Обуката како да се става прстот што беше многу нејасно на некои места, се промени и сега ќе се пробува два пати. Беше нејасно ако два пати не се идентифицира... Ќе се примени ставање личниот документ на скенер и пронаоѓање на гласачот и тоа значи дека се потврди идентитетот на гласачот, така целиот процес ќе оди побрзо...“, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Додека изборните органи се подготвуваат за гласањето, партиите чии кандидати за градоначалници влегоа во вториот круг ја заоструваат реториката во трката по гласови. Битола, Охрид, Тетово, Куманово, Струга се само дел од општините на кои се фокусираат власта и опозицијата. Сепак, главната битка е за Скопје меѓу Петре Шилегов и Данела Арсовска. Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, партија која остро го критикува начинот на кој власта преговара со Бугарија, деновиве е на силен удар поради документите кои ги објави СДСМ, за кои тврди, дека докажуваат дека Арсовска има бугарско државјанство и бугарска лична карта. Таа демантира – врати дека се бори и против актуечниот градоначлник, но и против премиерот.

„Сега јасно и гласно кажувам – се што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго. Едниот мој противкандидат е познат по тоа што ги излажа скопјани и во 4 години оствари само 5% од ветените проекти. А другиот по тоа што континуирано се пазари со македонските национални интереси.“, вели Данела Арсовска, кандидатка за градоначалник.

„Не навлегувам во тоа кој какво државјанство има и какво национално чувство има. Тука големиот проблем е што Арсовска, лаже. Каква иднина може да имаме со човек кој го крие своето минато.“, изјави Петре Шилегов, кандидат за градоначалник.

ДИК денеска го презеде избирачкиот материјал од битолската печатница кој ќе биде дистрибуиран до општинските изборни комисии. Станува збор за 1,6 милиони ливчиња кои биле испечатени во изминатите 7 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG