Линкови за пристапност

Дијана Десподов: Македонското стопанство е оптоварено од сивата економија


Дијана Десподов: Сивата економија е 30% од севкупната економија во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Дијана Десподов: Сивата економија е 30% од севкупната економија во Северна Македонија

Извршната директорка на Американската стопанска комора во Македонија говори за предизвиците во економската слика на државата

„АмЧам Македонија“ е членка на Асоцијација на американските стопански комори во сите европски земји. Во Вашингтон се одржа редовна едногодишна средба и состаноци во Стејт департманот, Пентагон, и Конгресот. „Сигурноста што ја нуди членството во НАТО и во ЕУ ја става Македонија на мапата на странските инвеститори, но има недостиг на работна сила“, вели извршната директорка на Американската стопанска комора на Македонија Дијана Десподов која констатира дека најголем предизвик за македонското стопанство е големото учество на сивата економија, недостигот на стручни кадри како и непостоење еднакви правила за водење бизнис.

Еден од најголеми проблеми е сивата економија, која изнесува 30% од севкупната економија, констатира Десподов.

Колку е важен гласот на приватниот сектор во усогласување на законодавството со земјите-членки на ЕУ? „Јас мислам дека е особено круцијален. Повратниот одговор од приватниот сектор треба да се консултира во процесот на приближување до ЕУ“, вели Десподов.

Глобалниот тренд со „одлив на мозоци“ е присутен и во Северна Македонија, вели Десподов и додава дека унапредувањето на квалитетот на животот би влијаело за спречување на процесот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG