Дали дијаспората треба да гласа? Дали нејзиното гласање е под ризик? Колку и дали малку македонските иселеници решаваат за изборниот процес во Македонија? Анета Георгиевска – Шајн, предавач по историја на уметност на Универзитетот Мериленд, и Тодор Арсов, вработен во меѓународна финансиска институција во Вашингтон, обајцата македонски иселеници, кои повеќе години живеат и работат во САД, понудија свои размислувања на оваа тема, која секогаш поттикнува жестока дебата во Македонија и меѓу иселениците.
Македонија има меѓу 400.000 до 600.000 иселеници ширум светот.
„Треба секој да гласа. Со оглед дека актуелниот закон тоа го овозможува, грев е ако не го исполниме своето уставно право за граѓани коишто живеат надвор од Македонија“, изјави Георгиевска - Шајн.
„Дијаспората треба да гласа. Ако се погледне искуството во повеќе земји во Европа, тоа право постои. Македонија има меѓу 400.000 до 600.000 иселеници ширум светото. Голем процент од населението живее надвор од Македонија. Од клучна важност за државата е да се изгради стратешки мост со иселениците.“, изјави Арсовски.
Погледнете ја интегралната дискусија во студио на Гласот на Америка за гласањето и поголемото анимирање на дијаспората за вклучување во изборите во Македонија.