Линкови за пристапност

САД: Реакции по плановите за депортации на илегалци


Клинтон, Сандерс и Трамп се огласија по медиуските извештаи

Американските претседателски кандидати со реакции за објавени извештаи дека САД може да почнат да депортираат семејства кои немаат легален статус од почетокот на јануари. Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон рече дека има „реална загриженост“ за извештаите на Одделот за домашна безбедност. Нејзината кампања „верува дека е важно секој да добие целосен и фер судски процес и оти земјата да обезбеди засолниште на секому што му е потребно“.

Нејзиниот демократски ривал, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс рече дека е мошне вознемирен од извештаите и додаде дека САД треба да бидат прибежиште за сите угнетени.

Републиканскиот претседателски кандидат кој води во анкетите меѓу Републиканците Доналд Трамп во реакција преку Твитер рече дека планот за депортација е во медиумите, затоа што тој, како што кажа, извршил притисок врз владата по ова прашање.

XS
SM
MD
LG