Линкови за пристапност

Мајкл Блумберг првпат на дебата во Невада


Вечерва шест демократски претседателски кандидати по девети пат ќе со соочат во трката за партиска номинација

Шест од демократските претседателски кандидати, вечерва во Невада, по деветти пат дебатираат во трката за партиска номинација, која ќе треба да се соочи со претседателот Трамп на генералните избори во ноември.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс и поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана Пит Бутиџеџ, влегуваат во дебата по силниот перформанс во Ајова и Њу Хемшир, првите две сојузни држави каде се одржа примарно гласање.

Сенаторката од Минесота Ејми Клобучер очекува да поентира на фактот што неочекувано се најде на трето место во Њу Хемпшир.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, на дебатата во Невада и гласањето во сабота гледаат можност да ја повратат довербата меѓу гласачите, откако важеа за силни кандидати на претходните национални анкети.

Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг, пак, првпат ќе се најде на сцена со другите демократи, по зголемување на поддршката на национално ниво, во време кога троши милиони долари свои пари за кампањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG