Линкови за пристапност

Делта ќе произведува сопствено гориво


Авиокомпанијата планира годишно да заштеди 300 милиони долари.

Американската компанија Делта ерлајнс наскоро ќе стане првиот авиопревозник во светот што ќе произведува сопствено гориво.

Делта најави дека ќе купи рафинерија во близина на Филаделфија од компанијата Филипс 66 за 150 милиони долари. Рафинеријата имала финансиски проблеми.

Само минатата година, Делта потрошила 12 милијарди долари на гориво, или 36% од вкупните оперативни трошоци. Од компанијата наведуваат дека производството на сопствено гориво ќе заштеди околу 300 милиони годишно.

XS
SM
MD
LG