Линкови за пристапност

Северна Македонија ќе купува оклопни возила и опрема од САД


Северна Македонија ќе купува оклопни возила од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Информацијата ја дообјасни македонското министерство за одбрана според кое станува збор за „продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект 2019-2024 година за набавка на лесни оклопни возила“

Станува збор за набавка „тешка“ 210 милиони долари.

Американската агенција за соработка во одбраната објави дека Стејт департментот донел одлука да одобри можна продажба на 54 борбени возила „Страјкер“ и сродна опрема во вредност од 210 милиони американски долари на земјава.

Информацијата ја дообјасни македонското министерство за одбрана според кое станува збор за „продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект 2019-2024 година за набавка на лесни оклопни возила како главен проект во Долгорочниот план за развој и модернизација на Армијата при што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума“.

Проектот вклучува купопродажба од две американски компании - „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на околу 40 возила од „Oshkosh Defense”.
Министерство за одбрана на Северна Македонија


„Проектот вклучува купопродажба од две американски компании - „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на околу 40 возила од „Oshkosh Defense”. Со објавување на одлуката на Конгресот на САД за одобрување на склучувањето на договорот за набавка на оклопни возила „STRYKER“ од „General Dynamics Land Systems” се влегува во финалната фаза на заокружување севкупниот проект за опремување вакви возила. Во првата фаза се планира да бидат набавени околу 20 возила „STRYKER“, а испораката на возилата се очекува да отпочне од 2022 година. Набавката ќе продолжи и во наредните години (од 2019-2024), а треба да заврши до 2025 или 2026 година“, велат од одбрана.

Оваа вест наиде на критика кај дел од домашните политички партии. За парламентарната „Левица“ станува збор за скандалозна набавка зашто „не е ништо друго освен искористување на нашата држава за финансирање на американскиот воен и империјалистички апарат“...

Македонската влада на крајот на мината година најави дека ќе го продолжи процесот за набавка на лесни оклопни возила од САД кој вклучува и придружна опрема - тешки митралези, лансери за чадни гранати, резервни делови, специјални алати и опрема за тестирање, услуги за инженерска, техничка и логистичка поддршка на владата на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG