Линкови за пристапност

Разговорите за долгот во САД и натаму во ќорсокак


Разговорите за долгот во САД и натаму во ќорсокак
Разговорите за долгот во САД и натаму во ќорсокак

Петти ден од преговорите за намалување на националниот долг

Американскиот претседател Барак Обама и денеска се среќава со републиканските и демократските лидери на петиот ден од напнатите преговори околу планот за намалување на националниот долг поврзано со подигањето на крајната граница за владино позајмување.

Републиканските лидери изјавија дека разговорите во Белата куќа биле одеднаш прекинати откако Обама ненадејно ја напуштил средбата. Тој претходно ги отфрли републиканските предлози за добивање во време преку краткорочно зголемување на границата за позајмување.

Демократите сепак посочија дека претседателот едноставно ги напуштил разговорите откако се пожалил дека е присутно политичко позирање и недостаток на желба за компромис.

Во средата, првиот човек на Националните резерви Бен Бернанке предупреди дека економијата може да западне во огромна рецесија доколку законодавците и претседателот Обама не можат да се договорат за позајмувањето до 2-ри август. Во моментов националнито долг на САД изнесува 14,3 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG