Линкови за пристапност

Даниел Сервер: Македонија да влезе во НАТО под референцата ФИРОМ


Даниел Сервер: Македонија да влезе во НАТО под референцата ФИРОМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Даниел Сервер: Македонија да влезе во НАТО под референцата ФИРОМ

Експертот за балкански прашања од Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон ги анализира 20-те години дипломатски односи САД-Македонија

Врските меѓу Вашингтон и Скопје се добри и мислам дека САД сакаат да ја видат Македонија како се придвижува кон ЕУ, заедно со решението за името, коментира Сервер:

„Мислам дека главна работа е да види Македонија колку што е можно побрзо до исполнување на стандардите на ЕУ, а и лично би сакал да ја видам Македонија во НАТО на Самитот во Варшава, но не гледам знаци за такво нешто во овој момент“

Според овој добар познавач на односите на Балканот вели дека нема големи промени во меѓусебните односи откако САД ја признаа Македонија под Уставното име во 2004-та. Ова од причини што, според него, двете земји отсекогаш имале цврсти билатерални врски.

Сервер го признава напорот на посредникот Метју Нимиц во посредувањето на решавањето на спорот со името со Грција, но за ова прашање тој би сугерирал поинаков пристап:

„Мислам дека е време да се стави крај на преговорите под покровителство на ОН, и да се побара од Атина и од Скопје да остварат директни разговори за решавање на проблемот“, вели овој аналитичар од Вашингтон.

За актуелната внатрешно-политички криза, Сервер не е оптимист дека брзо ќе се надмине.

„Претстои долг и тежок пат. Мора да се навикнете. Таква е демократијата. Има многу предизвици. Нема едноставно и брзо решение за проблемите. По 24-ти април следната година, ќе се формира нова влада, таа ќе има демократски легитимитет и која се надевам, дека ќе биде повторно фокусирана на вистинската задача, а тоа е земјата да биде подготвена за ЕУ“, коментираше тој.

Го запрашавме Сервер и за членството во НАТО, што за Македонија и натаму е врвен приоритет. Тој има формула за брзо менување на статусот на државата:

„Сакам Македонија да биде внатре во НАТО. Наједноставно и најбрзо решение е да се внесе земјата под референцата ФИРОМ, согласно времената спогодба од 1995-та“, истакна експертот.

Но, тој признава дека за такво нешто е потребен поголем ангажман на САД, во смисла не да се бара од двете земји да изнајдат взаемно прифатливо решение во рамки на ОН, туку да и` биде предочено на Атина, како што вели тој, „дека игрите се завршени и Македонија ќе стане членка на НАТО на Самитот во Варшава и тоа под референцата ФИРОМ“.

XS
SM
MD
LG