Линкови за пристапност

Мигуел Диаз Канел е новиот претседател на Куба


По 60 години, комунистичката земја нема да ја води член од семејството Кастро

Кубанскиот потпретседател Мигуел Диаз Канел, стана нов претседател на државата. Владата претходно објави дека е номиниран за единствен кандидат. Тоа гарантира дека ќе биде прв претседател на комунистичката земја кој изминативе 60 години, нема да биде од семејството Кастро.

Номинацијата беше одобрена од Кубанското национално собрание. Диаз-Канел е либерален социјалист и важи за прифатлив наследник на постарите лидери кои се бореа во револуцијата.

„Диаз-Канел е добра избор. Ќе го продолжи историскиот процес на нашиот начин на живот и добро ќе не` претставува“, вели жител на Хавана.

Претседателот во оставка Раул Кастро, и натаму останува најмоќна личност во Куба.

86-годишниот Кастро ќе продолжи да биде на чело со Комунистичката партија, согласно Уставот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG