Линкови за пристапност

Саманта Пауер: Нема никогаш да го признаеме тоа што го стори Русија во Крим


Разговор со амбасадорката на САД во ОН за украинскиот сервис на Гласот на Америка на годишнината од настаните од Крим

Санкциите што ги воведовме врз Русија за нејзиното нелегитимно припојување на Крим нема да ги укинеме – се` додека Крим не и биде вратен на Украина, рече првиот американски дипломат во Светската организација. “Нема никогаш да го признаеме тоа што го стори Русија”, рече Пауер за украинската редакција.

Таа додаде дека во разговорите на претседателот на САД Обама со рускиот претседател Путин неодминлива тема е имплементација од Договорот од Минск. Иако САД се фокусирани на изнаоѓање решение за сирискиот конфликт, Украина секогаш е високо на агендата на американската администрација, појасни Пауер.

Военото решение за Украина би било катастофално за сите страни, рече Пауер, запрашана дали САД имаат досега сторено се` - освен дипломатски и политички да помогнат во разврска на кризата во Украина.

„Ја разбирам фрустрацијата на украинскиот народ, но САД досега имаат помогнато со преку 6 милијарди долари помош за поддршка за правниот систем и анти-копрупциските мерки во украинското општество“, рече Пауер.

Според неа, времето ќе покажа дека економското и политичко изолирање на Русија поради нејзиното однесување во 21-от век, својствено за 19-от век, има своја цена и оти руската елита, економија, а и претседателот Путин ќе ги почувствуваат негативните последици, ако не го почитуваат договорот од Минск.

XS
SM
MD
LG