Линкови за пристапност

Скок на нови случаи со Ковид-19 ширум светот


Од 28-септември, Британија воведува парична каза од 13.000 долари за секој што е тестиран позитивен од коронавирус, а не е во само-изолација.

Продолжува рапидно ширење на новозаразени со Ковид-19. Бројката на позитивни случаи надмина 30,8 милиони, според Истражувачкиот центар Џонс Хопкинс во Вашингтон.

САД и натаму имаат најмногу случаи. Неодамнешниот скок со нови случаи во југозападниот и среднозападниот дел на земјата се должи на повторното отворање на училишта и колеџи.

Четиридневниот собир на моторџии во Мисури и други сојузни држави може да ја зголеми бројката на нови случаи.

САД имаат засега речиси 6, 8 милиони позитивни случаи. Индија е втора со 5,4, а Бразил трет со 4, 5 милиони.

САД водат и според бројката на починати од Ковид-19 во светот. Од 957.000 на светско ниво, 199.000 смртни случаи отпаѓаат на САД.

Европските држави најавија нови рестриктивни мерки откако Светската здравствена организација алармираше дека вирусот се шири низ Континентот со „алармантна стапка“.

Во Шпанија, каде има скок од нови случаи и земјата има над 640.000 позитивни, владата во Мадрид нареди воведување карантин во некои посиромашни области.

Локалните власти во Ница, Франција забранија собирање на 10 или повеќе лица на јавни места, и го скратија работното време за баровите. Слични мерки се воведени во Бордо и Марсеј.

Британија разгледува нови мерки со карантин на национално ниво, откако мината недела имаше речиси двојно зголемување на новозаразени, со 6000 нови случаи на ден.

Од 28-септември, Британија воведува парична каза од 13.000 долари за секој што е тестиран позитивен од коронавирус, а не е во само-изолација.

Израел воведува ригорозен карантин, во време кога нацијата се подготвува за еврејските празници. Израелците ќе можат да се оддалечат до 500 метри од своите домови, без никакви исклучоци. Ваквата мерка е поради наглиот скок од нови случаи.

Канада ја продолжи мерката за затворањето на границата со САД до 21-ти октомври. Ваквата мерка беше воведена на 18-ти март, и оттогаш се продолжува секој месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG