Линкови за пристапност

Д-р Фаучи ги повика граѓаните да размислат дали ќе патуваат за Денот на благодарноста


Се очекува зголемување на случаите од Ковид-19, како што наближува зимата во Северна хемисфера.

Новите глобални бројки се искачија на 330.000 позитивно дневно, а Европа и САД бележат пораст на новозаразени.


Светската здравствена организација предупреди дека 1000 луѓе умираат дневно од Ковид-19, и повеќе од еден милион нови случаи се идентификувани во последните десет денови.

Главниот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи, ги предупреди Американците да размислат за плановите за Денот на благодарноста на крајот од ноември, кога многумина патуваат традиционално преку транспортни центри, како автобуски и железнички станици и аеродроми.

„Ако спаѓате во ранлива категорија, или во поодмината возраст, или, пак, имате здравствени проблеми, подобро да размислите дали сакате да патувате“, речи Фаучи за Еј-Би-Си Њуз.

Тој сугерираше дека можеби граѓаните треба да ги одложат плановите или да почекаат да патуваат додека пандемијата не е ставена под контрола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG