Администрацијата за храна и лекови на САД се очекува да одобри трета доза вакцина против Ковид-19 за луѓе кои имаат нарушен имунолошки систем.
Новинските агенции објави дека ФДА најверојатно ќе одобри трета доза од Фајзер или Модерна. Советодавното тело на Центарот за контрола и превенција на болести се среќава утре да дискутира за новите дози од вакцините против Ковид за луѓе со нарушено здравје.
Научниците дебатираат дали трета доза ќе биде потребна за пациенти со пресадени органи или оние кои се лекуваат против ракот. Меѓу 3 и 9 милиони Американци имаат ослабен имунолошки систем, поради болести или долгогодишното консумирање на лекови.
Во меѓувреме, ЦДЦ препорача сите бремени жени да примат вакцина против Ковид.
Facebook Forum