„Нема да дозволиме излекувањето да биде потешко од проблемот“, изјави претседателот Трамп и сигнализираше желба наскоро да го запре социјалното дистанцирање што е во сила, за да се запре траекторијата на ширење на пандемијата со коронавирусот.
„Нашата држава никогаш не била затворена“.Трамп за економската слика во САД
„Нашата држава никогаш не била затворена“, изјави Трамп.
Претседателот Трамп за време на дневниот брифинг во Белата куќа со вишиот тим за справување со коронавирусот, најави дека голем број советници работат на осмислување на следните чекори со цел да се стави крај на виртуелното затворање на најголемата економија во светот.
„Во одредена фаза, државата мора да се „отвори и да почне да се движи“, истакна Трамп, јасно истакнувајќи дека го разгледува ризикот од пандемијата со коронавирусот и влијанието што го има во причинување економска штета откако државата ги затвори повеќето бизниси.
Бројката на жртви од пролонгираната економска криза може да го надмине бројот на жртви од вирусот во САД, според претседателот, кој потенцираше дека стапката на смртност од коронавирусот е помалку од 1 %, и е многу пониска од очекувањата.
„Америка повторно, наскоро, ќе биде отворена за бизнис“, изјави Трамп, објаснувајќи дека нема да се случи три до четири месеци временска рамка, како што некои предвидуваа, дека вирусот нема лесно да исчезне.
Минатиот понеделник Трамп го претстави 15-дневниот план од Центарот за контрола и превенција на болести да за се забави ширењето на случаи со коронавирусот, при што многу луѓе беа охрабрени да останат дома. Кампањата треба да оконча на 31-ви март, но многумина очекуваат да биде продолжена.
Анкетите покажуваат дека, генерално, републиканците споредено со демократите, заканата од коронавирусот ја сфаќаат помалку сериозно и повеќе веруваат дека медиумите надодаваат во ширењето на неизвесноста околу пандемијата.
[[https://www.people-press.org/2020/03/18/u-s-public-sees-multiple-threats-from-the-coronavirus-and-concerns-are-growing/ ]]
Facebook Forum