Владите ширум светот на разни нивоа им порачуваат на жителите да останат дома и да избегнат поголеми собирања во време кога светот прави обид за напредок во контролирањето на пандемијата со коронавирусот.
Јужна Кореја почна со имплементирање на построги контроли на лицата кои доаѓаат во земјата во време кога е забавено ширењето на вирусот во оваа земја. Кина преземе ист пристап. Објави само 21 нов случај на коронавирус, но сите освен еден дошле од странство.
Овие две земји имаат напредок во справување со земјата, но не и во другите делови од светот, претежно Европа.
Италија има пораст на повеќе од 3000 случаи на ден и се наоѓа на второ место во светот по заразени. Трет е Иран.
Локалните заедници ширум САД имплементираат некои од мерките за забрана за собири како во Кина и Јужна Кореја, и Италија, а Белата куќа повика да се забрани собир на повеќе од група од 10 лица.
Во другите делови од светот, Венецуела имплементира карантин на национално ниво, а Финска планира да ги затвори сите училишта и универзитети.
ОН објави дека повеќе од 500 милиони студенти не посетуваат настава.
Facebook Forum