Линкови за пристапност

Над 10.000 жртви од коронавирусот во светот


Во САД, гувернерот на Калифорнија Гавин Њусон нареди 40 милиони жители на западното крајбрежје да останат дома како дел битката против вирусот

Бројката на смртни случаи од коронавирусот ширум светот надмина 10.000 луѓе. Заразени се повеќе од 244.500 лица.

Во САД, гувернерот на Калифорнија Гавин Њусон нареди 40 милиони жители на западното крајбрежје да останат дома како дел битката против вирусот.


Њусом ја најави мерката по смртта на 19 луѓе и заразувањето на 958 во неговата сојузна држава.

Тој побара од Конгресот над една милијарда долари помош од федералните фондови за очекуваните медицински трошоци поврзани со вирусот.

Во средата, гувернерот на Калифорнија му напиша на претседателот Трамп барање за вкотвување на болничкиот морнарички брод во пристаништето во Лос Анџелес, каде се очекува најголем број на заразени лица во иднина.

Во меѓувреме, Италија стана епицентар на пандемијата со коронавирусот во светот и ја надмина Кина.

Заклучно со синоќа, во Италија има 3405, а во Кина 3248 жртви од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG