САД ја наминаа бројката од 5000 смртни случаи од коронавирусот, а градоначалникот на Лос Анџелес ги повика граѓаните да носат заштитни маска во јавност во вториот најголем град по бројот на жители.
Градоначалникот Ерик Гарчети изјави дека жителите не треба да носат медицински маски, со оглед дека тие им се потребни на професионалниот здравствен персонал, туку да носат импровизирани маски од облека за да помогнат да се намали ширењето на вирусот.
Американските здравствени власти засега не издадоа препорака за носење заштитни маски во јавност на целата територија.
На светско ниво, бројката на починати од коронавирусот се искачи над 50.000, со речиси еден милион заразени.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Теодрос Адханом Гебрејесус изрази длабока загриженост за рапидната ескалација. Ја истакна загриженоста за најсиромашните и најранливите категории на луѓе кои се дел од мерките за останување дома и ги повика поразвиените земји да помогнат со социјални програми.
Секој може да се преносител на коронавирус иако не покажува симптомиАмерикански центар за контрола и превенција на болести
Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупреди дека секој може да се преносител на коронавирус иако не покажува симптоми.
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој и самиот е во изолација откако беше позитивен на тестирањето за коронавирус во видео-порака најави дека Британија „нагло ќе го зголеми тестирањето“ на популацијата, како клучен чекор за поразување на вирусот.
Италија е најтешко погодена со повеќе од 13.000 жртви. Тамошните власти најави продолжување на стриктната забрана за движење на цела територија со цел да се намали ширењето на вирусот. Шпанија е втора, со над 10.000 жртви.
Белгија има 15.000 заразени случаи со 1000 починати од коронавирусот.
Мексико упати апел до Мексиканците кои живеат во други држави, особено во САД, да на патуваат назад дома во посета на семејствата, поради ризикот да бидат преносители на коронавирусот.
Facebook Forum