Линкови за пристапност

Трамп потпиша легислатива од 8,3 милијарди долари за борба против коронавирусот


Легислативата беше усвоена во Сенатот и во Претставничкиот дом речиси со апсолутно мнозинство.

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа денеска потпиша легислативата за издвојување итни средства од 8, 3 милијарди долари за справување со коронавирусот, вклучувајќи и пари за развивање вакцина.

Легислативата беше усвоена во Сенатот и во Претставничкиот дом речиси со апсолутно мнозинство.

Претседавачот со сенатската комисија за распределба на трошоците, Ричард Шелби рече дека во “во вакви ситуации, не треба да се штеди на заштита на американскиот народ, и легислативата го покажува токму тоа“.

Секретарот за здравство изјави дека еден милион тестови за вирусот КОВИД-19 се очекува да се најдат ширум американските лаборатории викендов.

Администрацијата на претседателот Трамп се најде на мета на критика за недостигот на доволно тестови.

Потпретседателот Мајк Пенс, кој ја посети сојузната држава Вашинтон синоќа призна дека засега нема доволно тестови поради зголемената побарувачка, но во следните денови ќе има напредок на тоа поле.

Пенс се сретна со гувернерот на Вашингтон Џеј Инсли. Во оваа сојузна држава се 11 од 14 жртви во САД од коронавирусот. Заразени се 228 лица.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД предупреди дека вирусот е лесно пренослив и оти лицата кои се болни мора да останат дома.

Четири американски сојузни држави – Мериленд, Калифорнија, Флорида и Хаваи прогласија вонредна состојба поради вирусот.

Засега во светот има над 98.000 случаи од КОВИД-19 и најмалку 3300 жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG