Грција ги затвори сите училишта, театри и јавни собири во три главни региони со последните мерки за запирање на ширењето на коронавирусот. Бројката на случаи драматично се зголеми откако властите го детектираа вирусот во оние кои патувале на Блискиот исток.
Грчките власти ги суспендира сите спортски настани во пелопонеските региони на Ахаија и Илеиа, како и на островот Закинтос.
Случаите на коронавирусот во Грција тројно се зголемија изминатите денови во време кога патниците се враќаа од аџилак од Израел.
Бројни пациенти беа означени дека се наоѓаат во сериозна состојба.
Властите се подготвуваат за потенцијално заразување на околу 15 проценти од грчката популација од 15 милиони.
Тоа значи дека ќе бидат потребни 5000 единици на интензивна нега, и се покренува прашањето, колку од нив ќе бидат оперативни со оглед на бруталната осум-годишна финансиска криза, која драстично се одрази врз болничкиот персонал и ресурси.
Премиерот Киријакос Мицотакис претседаваше со итен кризен состанок во неделата за изготвување на стратегијата за справување со коронавирусот во Грција.
Тој имаше средба со Поглаварот на Грчката православна црква да ги затвори сите Цркви, иако тој одби, и истакна дека нема да им предочи на свештениците да ги одвраќаат верниците од храмовите.
Со оглед дека наближува Велигден за православните верници, посетеноста во Црквите е голема, особено меѓу постарата популација.
Facebook Forum