Линкови за пристапност

САД, избори 2020 - Засега нема откажување на митинзите поради коронавирусот


Демократските претседателски кандидати, Берни Сандерс и Џо Бајден ги откажаа синоќешните собири со поддржувачите, поради загриженоста со коронавирусот.

Кампањата на Сандерс објави дека идните митинзи врзани со изброите 2020 ќе бидат разгледувани на дневна основа.

Претседателот Трамп го одржа последниот собир со граѓаните пред девет дена, но викендов планира да ги продолжи со кампањата за реизбор.

Тимот на претседателот на одговори на прашање на Гласот на Америка за плановите за неговата кампања со оглед на растечката криза со коронавирусот.

Во меѓувреме, Еј-Би-Си јави дека нема да има публика за време на демократската дебата во Аризона в недела поради коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG