Линкови за пристапност

И Kовид-19 не го одложи 15-от Македонскиот Филмски фестивал во Торонто


15-ти Македонски Филмски фестивал во Торонто
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

15-ти Македонски Филмски фестивал во Торонто

Македонскиот Филмски фестивал во Торонто изминатиот викенд ја продолжи долгата традиција на презентирање на македонската култура и кинематографија, а за актуелните предизвици да се организира Фестивал во време на пандемија се осврна претседателката на Бордот од Фестивалот, Вирџинија Еванс

И пандемијата со Ковид-19 не го одврати, Македонскиот филмски фестивал во Торонто да го одбележи Јубилејот, иако понудата и начинот на гледање филмови за љубителите на оваа уметност поради мерките за социјално дистанцирање, беше поинаков.

Глас на Америка: 15 години, Македонски филмски фестивал. Годинава, но годинава во време на Ковид?

„Одлучивме годинава да прикажеме помалку филмови. Еден е најновиот долгометражен Врба на Милчо Манчевски, и ко-продукцијата со учество на Македонија - Ловци на вештерки“, истакна Еванс.

Фестивалот, годинава, беше он-лајн -

„На новата страница, од Македонскиот филмски фестивал, со купениот билет, преку стриминг, во рок од 24 часа, можеше да се погледне филмот на мобилен, Ајпед, телевизор...“, истакна Вирџинија Еванс.

Глас на Америка: Зошто ѝ натаму е важен, релевантен овој Фестивал?

Уметноста е многу важна, за Македонците да можат да го покажат својот талент пред светот, како етничка група
Вирџинија Еванс


„Многу е важен. Ние, и натаму сме Македонци. Уметноста е многу важна, за Македонците да можат да го покажат својот талент пред светот, како етничка група. Филмот е мошне битен во тоа“, истакна Еванс.

Глас на Америка: Каде гледате на Фестивалот, во следните 15 години?

„Се надевам дека ќе го преземат и водат некои помлади луѓе, кои го сакаат филмот како мене, затоа што сите во Бордот и околу организацијата на Фестивалот се волонтери. Тие го жртвуваат своето сопствено време дека, најпрво, се Македонци во срце, иако долги години живеат во Канада!“, истакна Еванс.

За време на едно и пол децениското постоење, примарна цел на Фестивалот беше можност да ѝ се долови на публиката културата од Македонија, но ѝ да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери. Со над 170 филмови прикажани од првиот Фестивал, и над 5000 посетители, 2000 дигитални обожаватели, оваа филмска смотра го има епитетот – македонски, единствен од ваков карактер, во Северна Америка. – А, Македонскиот филмски фестивал ќе расте само ако расте бројноста на публиката - заклучи една од основачите на филмскиот Фестивал, Вирџинија Еванс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG