Линкови за пристапност

Бројот на новоразени од Ковид-19 во Северна Македонија има опаѓачки тренд


Бројот на новоразени од Ковид-19 во Северна Македонија има опаѓачки тренд
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Бројот на новоразени од Ковид-19 во Северна Македонија има опаѓачки тренд

Во земјата засега, не е забележана новата мутација на коронавирусот која „коси“ во западноевропските земји.

Според информациите на министерството за здравство, во ковид-центрите и инфективните одделенија се лекуваат околу 600 лица, а на располагање се уште толку слободни кревети. Сепак, и покрај стабилизирањето на ситуацијата надлежните не најавуваат посериозно олабавување на мерките – повикуваат на внимателност зашто училиштата, по зимската пазуа, почнаа со работа. Во земјава засега, не е забележана новата мутација на коронавирусот која „коси“ во западноевропските земји.

Излегоа резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија.
Филипче, министер за здравство


„Излегоа резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија. Практично, го имаме истиот вирус што беше присутен изминатите месеци, но и тоа не е сигнал да ги олабавиме мерките. Значи сите мерки остануваат на сила.“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Сериозен проблем во државниот план за справување со пандемијата е фактот дека досега никаква вакцина не е дојдена во земјава, за разлика од соседните држави кои веќе се во процес на вакцинирање на населението. Се оддолжи дури и увозот на фајзеровите 8.000 вакцини што Србија и ги отстапи на земјава. Во наредниот период ќе бидат неопходни и измени во законот за лекови.

Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер“ во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја.
Филипче, министер за здравство


„Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер“ во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер“ кое го донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт, односно вакцината против Ковид-19. Немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат во надлежните институции во секоја од државите, како претставништво од надвор, од странство, за да направат регистрација на продуктот. Тоа, воопшто не е пречка вакцината да дојде во земјата, за тоа беше разговарано и со претставниците на „Фајзер“ заради тоа што во нашиот Закон има механизми кои се користеле и претходно и за вакцини и за други препарати да се внесат со т.н. интервентен увоз.“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Државата, иако засега аплицираше за вакцината на „Фајзер“, според Филипче, ги евалуира сите вакцини против ковид-19 кои во моментот се нудат. При изборот приоритет ќе има квалитетот. Исто така, ќе се гледа и тоа која вакцина има одобрение од меѓународни регулаторни тела, притоа, предност им се дава мрежата европски лаборатории. Но, главното прашање останува – кога во земјава ќе пристигнат првите вакцини против Ковид – 19?

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG