Германскиот министер за здравство Јенс Шпан подвлече дека Германија има потреба од складирање нови дози против Ковид-19 за следната година и рече дека Берлин треба да го стори тоа, без или со останатите членки во ЕУ.
Шпан зборуваше на виртуелната прес-конференција при отворањето на новиот фармацевтски погон на БиоНТех во Марбург, Германија. Тој истакна дека тоа ѝ овозможува на Германија можност да развие план за дополнителни дози на вакцини. Тој рече дека во оваа фаза никој нема вакцинирани подолго од шест месеци, и некој не знае колку трае една доза да го заштити човекот од вирусот.
Тој истакна дека „АстраЗенека треба да достави 15 милиони доза за Германија во втората половина од 2021-ва. БиоНТех планира да достави 40 милиони дози. Со оглед дека отвораме нов производствен погон во Марбург, тоа ќе биде од голема важност за нашата кампања со вакцинацијата на населението“.