Линкови за пристапност

Лидерите на Г-7 размислуваат за самит со лично присуство


Трамп ја изложи идејата преку твит дека САД се во транзиција да се вратат како најдобри.

Лидерите на Г-7 ја разгледуваат идејата на претседателот Трамп за самит со лично присуство, веројатно следниот месец, додека бројката на потврдени позитивни случаи ширум светот се искачи над 5 милиони.

Трамп ја изложи идејата преку твит дека САД се во транзиција да се вратат како најдобри.

„И другите држави се на ист пат, и би била добра порака за нормализација“, напиша претседателот на САД.

Кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе пренесе дека се уште ја разгледува идејата дали лично да присуствува на Самитот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека прашање за лично присуство или виртуелно ќе завиди од земање во предвид безбедносните мерки и препораките од експертите.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека е отворен да патува за Самит, но ако дозволат „здравствените услови“, а германската канцеларка Ангела Меркел оцени „да почекаме, да видиме што ќе се случи“.

Сите членки на Г-7 почнаа со олеснувањето на рестриктивните мерки, воведени за спречување на ширење на вирусот.

Светската здравствена организација потврди дека рекордни 106.000 нови случаи на коронавирус се идентификувани на глобално ниво, највисока бројка за 24 часа, од почетокот на пандемијата.

Најтешко погоден во моментов е Бразил. Синоќа регистрираше 20.000 потврдени случаи за еден ден.

Досега починаа над 328.000 луѓе од коронавирус. САД има најголема бројка на потврдени случаи – 1,5 милиони и предничи со 93.000 жртви од смртоносниот вирус.

Во Шпанија и Италија, најтешко погодени европски земји, има тренд на намалување на бројката новозаразени починати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG