Бројката на заразени од коронавирусот нагло се зголемува во САД, а бројката на починати нема тренд на раст.
Но, експертите предупредуваат од актуелните показатели.
Бројката на нови случаи, е во постојан пораст од средината на јуни. Во последните седум дена, просекот е по 50.000 луѓе. Но, стапката на смртност од Ковид-19, е во благ пад во тој период. Сега во просек е по околу 500 луѓе, дневно.
Но, лекарите предупредуваат дека се потребни неколку недели пред коронавирусот да предизвика смрт. Бројката на хоспитализации почна помалку да се зголемува отколку пред три недели.
Според следењето на Ковид-19, во моментов една третина од случаите се во болници.
https://covidtracking.com/data/charts/us-currently-hospitalized
Смртните случаи најверојатно ќе следат, предупреди Амеш Адалја, од Центарот за безбедност на здравјето при Универзитетот Џонс Хопкинс.
Една од причините за намалувањето на стапката на смртност е што бројката на новозаразени случаи се претежно млади и имаат помали шанса да развијат потежок стадиум на заболување. На некои места, младите се мнозинството, од нови случаи.
„Стапката на смртни случаи е ниска, затоа што младите се главно, здрави луѓе“, изјави д-р Антони Фаучи од прес-конференција која беше пренесува во живо преку Фејсбук.
https://www.facebook.com/watch/live/?v=913960105743145&ref=watch_permalink
Но, д-р Фаучи предупреди дека тоа не значи дека „не може сериозно да се разболат“.
Facebook Forum