Линкови за пристапност

Состојбата со Ковид-19 во Австралија се влошува, и натаму карантин


Последниот скок на заразени со Ковид-19, вклучува и три смртни случаи.

Австралиската држава Нов Јужен Велс јави за 365 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Новиот бран на заразени почна во јуни, кога возач на лимузина од аеродромот во Сиднеј беше тестиран позитивен за сојот Делта откако превезувал екипаж од меѓународна авионска компанија.

Последниот скок на заразени со Ковид-19, вклучува и три смртни случаи.

Сиднеј со повеќе од пет милиони жители се наоѓа во девет-неделен карантин што треба да заврши на 28-ми август, но владата најави дека рестрикциите може да се пролонгираат во септември.

И главниот град на државата Викторија, Мелбурн, втор град по големина во Австралија се наоѓа во карантин, кој треба да заврши в четврток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG