Линкови за пристапност

Пораст на новозаразени од Ковид-19 ширум Азија


Има ширење на варијантата Делта од Индија, и зголемен број на случаи кои што го донесоа вирусот од патувањата по делови од Азија.

Азиските држави јавуваат за рекордни бранови на заразени од Ковид-19 годинава, споредено со 2020-та, во време кога има недостиг од вакцини и владите загубија секаква надеж дека масовното затворање со ригорозни мерки и пограничните контроли може да спречат ширење на пандемијата, јавуваат набљудувачи од регионот.

Има ширење на варијантата Делта од Индија, и зголемен број на случаи кои што го донесоа вирусот од патувањата по делови од Азија.

Некои рестриктивни мерки се релаксирани во неколку месеци на благ пораст на бројките на новозаразени.

Официјални лица од Бангкок до Тајпеј имаат недостиг да достават вакцините, додека западните држави како Велика Британија, со 87% од вакцинирана популација, и САД каде секој возрасен може да добие вакцина во било која аптека, предничат во светски рамки со процесот на масовна вакцинација.

Тајланд има само 5% вакцинирани од целосната популација, а Виетнам само 1%. Виетнам регистрираше рекорд во јули со 5926 заразени во еден ден, додека Тајланд постави свој рекорд со 11,378 заразени за 24 часа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG