Линкови за пристапност

Над 40 милиони позитивни од Ковид-19 во светот


САД водат во светот според бројот на позитивни случаи на Ковид, со 8,1 милион заразени, и речиси 220.000 починати.

Според Истражувачкиот Центар на Џонс Хопкинс од Вашингтон, заклучно со утринава над 40 милиони луѓе се позитивни на вирусот, а 1,1 милион го загубиле животот.

Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат
Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат

Меѓу последните заразени од висок калибар е и Саеб Ерекат, ветеран-преговарач за Палестинците во блискоисточниот мировен процес, кој бил итно одведен во болница во Ерусалим. 65-годишниот Ерекат бил дијагностициран со Ковид-19 на почетокот од месецот, а во 2017-ма во САД му била извршена трансплантација на белите дробови.

Портпаролот на медицинскиот центар Хадаш објави дека имал мирна ноќ, но здравствената состојба му се влошила и сега се наоѓа во критична фаза.

Друг проминентен политичар, заразен со Ковид е јужноафриканскиот министер за здравство Звели Мкхизе. Оваа земја има над 700.000 заразени.


САД водат во светот според бројот на позитивни случаи на Ковид, со 8,1 милион заразени, и речиси 220.000 починати.

Научниците ширум светот се во трка со времето за развој на третмани и евентуална вакцина против коронавирусот, но американската биотехнолошка фирма Ваксарт, која е една од многуте компании кои работат на вакцина, е под федерална истрага за наводно прекумерно инволвирање околу програмата од неколку милијарди долари на администрацијата на Трамп за развивање на вакцина.

Градови во Италија, Франција и Британија воведуваат нови рестрикции при налетот на втор бран КОВИД-19, а австралискиот град Мелбурн полека се враќа во живот по тримесечен стриктен карантин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG