Линкови за пристапност

САД го надминаа прагот од 100.000 починати од коронавирус


Меѓупартиска група сенатори ги обновија повиците за момент на молк за оддавање почит на починатите од Ковид-19.

САД имаат над 100.000 жртви од коронавирусот, што е поголема бројка на починати од војните во Виетнам и Кореа, заедно.

Меѓупартиска група сенатори ги обновија повиците за момент на молк за оддавање почит на починатите од Ковид-19.

„Пандемијата со Кодив-19 е опустошувачки за нацијата“, рече сенаторката Лиза Мурковски и нагласи дека многу семејства ги загубиле најблиските.

Гробишта во Масачусетс
Гробишта во Масачусетс

И Претставничкиот дом излезе со предлог за дневно оддавање почит кон жртвите и прогласување Национален ден за жалост откако ќе помине пандемијата, како и изградба на национален Споменик за жртвите од Ковид-19.

Во светот засега има над 335.000 починати од коронавирусот, според статистиката од Универзитетот Џонс Хопкинс. Има над 5,7 милиони позитивни случаи, од коишто речиси 30% се во САД.

Јужна Кореја има нови 79 случаи само денес, во време кога земјата презема мерки за запирање на понатамошно ширење на вирусот.

Во Јужна Кореја има 79 нови случаи
Во Јужна Кореја има 79 нови случаи

Растечка загриженост има во Јужна Америка, каде Светската програма за храна објави дека пандемијата може да остави 14 милиони луѓе да гладуваат.

Бразил е најтешко погоден во регионот, со над 411.000 случаи и се наоѓа веднаш зад САД. Во Перу има скок на случаите на заразени, со рекордно зголемување за еден ден од 6154 нови случаи.

Индија објави сличен пораст на дневната бројка на заразени со 6566 случаи. Оваа држава сега е 10-то место во светот според бројот на потврдени, позитивни случаи со Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG