Линкови за пристапност

Брифинг за корупцијата на Балканот: Млади се иселуваат за подобар квалитет на живот


Корупцијата на Балканот кочница за обнова на регионот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Корупцијата на Балканот кочница за обнова на регионот

Во Хелсиншка комисија на САД во Конгресот се одржа редовен годишен брифинг за корупцијата како главна кочница за обновата на регионот

Панелистите од Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина се осврнаа и на актуелните политички лидери во регионот кои што покажуваат недоволни иницијативи за понатамошни демократски промени коишто може да водат до нивна смена од власта, и наместо тоа и натаму играат на картата на евтин национализам кој премолчено толерира корупциските скандали. Тие упатија предупредување дека странските инвестиции, кои се витални за подобрување на економскиот перформанс на општеството, се обесхрабруваат поради бизнис климата која е обременета од недостиг на владеење на правото.

Истражувачот Миша Поповиќ од Институтот за демократија, за Гласот на Америка смета дека од корупцијата, не е имуно ниту македонското општество.

„Има излез. Корупцијата бара одлука од највисокото политичко раководство, и консензус меѓу сите политички партии дека ќе се борат против корупцијата. На друга страна е константна работа на институциите да се подобруваат самите себе си, да го зголемуваат отпорот против корупцијата“, коментира Поповиќ.

Квалитет на животот подразбира здравство, здрава животна средина, квалитетен воздух, подразбира предвидливост на работата на институциите.
Миша Поповиќ, истражувач


Корупцијата влијае и врз трендот на одлив на мозоци и високообразовен кадар, вели Поповиќ -

„Големите корупциски скандали, вклучително и овие што се случуваат во последниот период, влијаат, прво за разочарување, влијаат за недоверба на граѓаните во институциите. И тоа е еден од факторите на иселувањето, особено на младите. Имиграцијата има неколку бранови и економската имиграција е одамна иселена. Денес, високо-квалификувани луѓе се иселуваат, кои што не се иселуваат за пари или повисока плата, некои од нив живеат и (со многу висока плата), но некои се иселуваат и за квалитетот на животот. Квалитет на животот подразбира здравство, здрава животна средина, квалитетен воздух, подразбира предвидливост на работата на институциите“, заклучува овој македонски истражувач.

Во време кога Западниот Балкан продолжува да бара интеграција која ветува стабилност и просперитет, растечката корупција го забавува напредокот, заклучија истражувачите на брифингот во Конгресот во организација на Хелсиншката комисија на САД.

Како резултат на тоа, земјите во регионот се сведоци на синдромот „одлевање млади мозоци“, при што високо-образованата работна сила заминува за западно-европските држави. Сите, на брифингот, беа едногласни, дека Балканот, без исклучок е поле и за влез на странски инвестиции со сомнителен карактер, вклучувајќи и руски, кои претпочитаат наметнување на политичко влијание отколку профит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG