Локални официјални лица од јужните сојузни држави на САД предупредија од нагло зголемување на ширењето на пандемијата со коронавирусот изминатите денови во време кога претседателот Трамп ја оцени состојбата како „тотално безопасна“
Градоначалничката Кајт Галего од градот Феникс во Аризона за Еј-Би-Си, оцени дека „премногу рано ги отвориле бизнисите, првично затворени во март и април“.
„Се наоѓаме во криза“, рече таа и додаде дека 59.000 луѓе се заразени во градот од 1,7 милиони луѓе. Галего рече дека се преполни центрите за тестирање.
САД имаа рекордни 50.000 новозаразени изминатите неколку дена, особено во јужните сојузни држави кои немаа голем број случаи во март и април, каде жариштето беше во Њујорк.
Официјални лица во неколку градови повторно воведоа или ги вратија жестоките рестриктивни мерки и затворања со цел да спречат ширење на вирусот. Но, Њујорк, пак, влезе во последната фаза од отворањето и за малите бизниси како козметички центри.
Во Флорида во саботата беа регистрирани рекордни 11,400 нови случаи, рекорд за еден ден, паралелно со откажување на некои прослави за Денот на независноста поради стравување за ширење на вирусот. „Нема сомневања дека штом отворивме, луѓето почнаа да се социјализираат“, изјави градоначалникот на Мајами, Францис Суарез. Тој го оцени скокот на новозаразени како „екстремно влошување“.
Во предградие на Хјустон, беа регистрирани нови 35.000 случаи на коронавирусот во саботата.
Но, претседателот Трамп од Белата куќа по повод прославата за Денот на независноста рече дека 99% од новите случаи се „тотално безопасни“.
Севкупно, 130.000 Американци починаа, а 2, 9 милиони луѓе во светот се заразени од почетокот на пандемијата.
Facebook Forum