Линкови за пристапност

Италија ги затвори училиштата и универзитетите до 15-ти март поради коронавирусот


Откажани сите јавни собирања на спортски настани до идниот месец

Кинескиот претседател Ји Џипинг ја одложи посетата на Јапонија закажана за следниот месец во време кога двете држави се справуваат со коронавирусот што зарази 95.000 луѓе во повеќе од 75 држави.

Кина е епицентар на вирусот и досега има над 3000 жртви. Јапонија има повеќе од 1000 случаи на заразени.

Вирусот се шири насекаде во светот.

Италија ги затвори училиштата и универзитетите до 15-ти март и забрани јавни собири на спортски настани до следниот месец.

Во САД фокусот е врз локализирање на ширењето на коронавирусот во Калифорнија и западната сојузна држава Вашингтон, каде има најмногу жртви и заболени.

На крузерот -

Princess Cruises ќе им бидат доставени тестови за коронавирусот преку хеликоптер за да се проверат околу 100 патници и членови на екипажот пред да се дозволи да биде вкотвен во Калифорнија. Досега, една од 11-те жртви од коронавусот е од тој брод.

Во Калифорнија, гувернерот Гавин Њусон објави вонредна состојба. На објавата се приклучија Флорида, Вашингтон и Хаваи.

Во меѓувреме, Сенатот се очекува да усвои легислатива од 8,3 милијарди долари за борба против коронавирусот во САД, вклучувајќи за истражување на вакцина, тестирања и лекувања за веќе заразени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG