Линкови за пристапност

Бакарот поскапе, затоа се` повеќе се краде


Бакарот поскапе, затоа се` повеќе се краде
Бакарот поскапе, затоа се` повеќе се краде

На крадците им одговараат лошите економски услови во кои голем број објекти се – напуштени.

Кога ќе го слушнете зборот „бакар“ во старите филмови, сленгот ги означува добрите момчиња – полицајците, односно нивниот бакарен беџ на униформата. Денес, пак, асоцира на криминал.

Комбинација на околности доведе до значителен пораст во кражбите на бакар од деловни згради, градежни локации и домови. Цената на бакарот рапидно нарасна, делумно заради големата побарувачка во индустријализираните земји како Бразил, Кина и Индија.

Мета на крадците се цевки, жици, калеми. Не се плашат ниту од жиците во клима-уредите, генераторите, па и далноводите. Крадците корнат цели трансформатори.

Месецов во рурален дел на сојузната држава Пенсилванија, двајца браќа беа обвинети за кражба на мост тежок 15.5 тони што подоцна го исекле и го продале на отпад.

На крадците им одговараат лошите економски услови во кои голем број објекти се – напуштени.

Штетата од кражбата на бакар е разновидна: протекување на плин, вода, згаснати улични светилки. Црква во центарот на Вашингтон остана без громобран!

Криминалците не остануваат само на бакарот. Во моментов е популарно крадење на масло од рестораните – ново или употребено. Го препродаваат за четири долари за галон!

Доколку маслото се чува во бакарни садови, станува збор за - двојна кражба.

XS
SM
MD
LG