Линкови за пристапност

Републиканска конвенција во Кливленд


Фокусот на безбедносните и имиграционите прашања

До крајот на оваа недела, Републиканската партија официјално ќе го номинира Доналд Трамп за свој претседателски кандидат со што ќе го презентира за изборната трка за општите избори пред гласачите кои ќе го направат изборот на 8-ми ноември.

Денеска е првиот ден на партиската конвенција во Кливленд, Охајо. Фокусот е на националната безбедност и имиграцијата.

Меѓу говорниците ќе биде гувернерот на Тексас, Рик Пери, мајката на Американец убиен во Бенгази, Либија, неколку активисти за реформа на имиграциониот систем, поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани и сопругата на Трамп, Меланија.

Во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес во неделата навечер, Трамп одговори на прашање за актуелната политичка состојбата во светот, при што наговести дека критичкиот тон на конвенцијата ќе биде насочен на претседателот Обама и демократската кандидатка Хилари Клинтон.

„Потребна е цврста рака. Обама и Хилари се слаби. Потребно ни` е почитување на редот и поредокот. Понепорозни граници“, рече Трамп.

Додека некои лидери како претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан ќе се обратат на конвенцијата, други поважни политичари, како поранешните претседателите од семејството Буш, како и поранешниот претседателски кандидат Мит Ромни не присуствуваат на конвенцијата во Кливленд.

Хилари Клинтон ќе ја прифати демократската номинација на партиската конвенција следната недела во Филаделфија, Пенсилванија.

XS
SM
MD
LG