Од САД пристигнаа реакции и од Конгресот. Конгресменот Џим Бенкс кажа дека е задоволен што Македонија и Грција постигнале тентативен договор за признавање на Македонија како „Република Северна Македонија“. Двете држави треба да го ратификуваат договорот што ќе овозможи членство на Македонија во НАТО и ЕУ, како и да изградат поблиски врски.
Се огласи и конгресменот Грегори Микс од Поткомисијата за Европа и Азија: Многу сум охрабрен од надминувањето на грчко-македонскиот спор за името како резултат на многу години дипломатски напори. Иако законодавните тела допрва треба да го следат лидеството на премиерите на двете земји и да го финализираат договорот, јас особено го поддржувам „новоотворениот пат на Северна Македонија во евроспките безбедносни и политички структури“.
Facebook Forum